Популарниот крипто-стратег и трговец, Николас Мертен предвидува параболично „рели“ за Ethereum во наредните месеци, бидејќи крипто-средството продолжува да покажува знаци на сила.
Во новата сесија, Мертен им кажува на своите 469.000 претплатници на YouTube дека гледа како Ethereum (ЕТH) расте над 400% од сегашната цена од околу 3.920 долари, бидејќи водечката платформа за паметни договори се чини дека ќе го повтори истиот „скок“, како тoj од 2017 година.
„ЕТH сe уште е околу средната линија овде, покажувајќи дека веројатно – исто како и во 2017 година – ќе ја формулира и подготви сцената, за да продолжи да се искачува на многу повисоко ниво. Ние го поддржуваме овој целен потенцијален опсег од околу 20.000 американски долари. Но, дури и да имаме поконзервативна проценка од 10.000 или 15.000 долари, очигледно го подготвуваме теренот за повисоки врвови“, вели тој.
Мертен, исто така, размислува за Ethereum наспроти Bitcoin (ЕТH / BTC), за кој вели дека допрва треба да расте за да достигне рекордно ниво од 0,15 BTC, во вредност од околу 7,700 американски долари во времето на пишување на материјалот.
„Од дното, направивме навистина убав скок овде (0,055 BTC или 2,844 американски долари) и се чини дека се враќаме релативно блиску до претходните врвови на овој циклус. Овде можете да видите дека имаме уште долг пат во споредба со тоа каде бевме во јуни 2017 година или во февруари 2018 година“, истакнува тој.