Што доби Анастасија Ражњатовиќ од момчето за 23-тиот роденден?

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ го прослави својот 23-ти роденден во еден белградски ресторан. На гала прославата присуствуваа нејзините најблиски – семејство, пријатели, роднини, соработници.

Гламурозната забава беше подарок од нејзината мајка Цеца, која се обиде да и ја исполни секоја желба на нејзината наследничка, додека момчето на Анастасија, Ѓорѓе Куљиќ, ја изненади пејачката со луксузно патување на Миконос, кое тој и го подари за роденден, пишува српски „Курир“.

Инаку, Ражнатовиќ откри дека роденденот го прославила во друштво на своето момче, но и нејзината мајка и дека заедно направиле здравица.

– Немаше изненадувања, бев дома со мајка ми и момчето. Наздравивме со пијалок на полноќ, разговаравме, уживавме, но ништо спектакуларно. Организираат нешто за мене секоја година, така што сигурно не би ме изненадиле, за мене е сосема во ред што тоа го направивме толку суптилно, вели Анастасија.

Слични содржини