Најновата sвезда на пазарот на крипто-валути, доџкоин, продолжува да расте силно, водена од твитови на милијардерот и сопственик на Тесла, Илон Маск и други познати личности, вклучувајќи ги раперот Снуп Дог и американскиот рокер Џин Симонс, член на поранешната хард рок група „Кис“.
Цената на овој токен скокна 65 проценти за 24 часа, достигнувајќи рекордни 0,083745 долари во неделата во 17:30 часот по источно-американско време, според податоците на порталот „CoinMarketKap“, пренесува „CNBC“.
Утрово се тргувала околу пет часот по цена од 0,07415 долари, за 25 проценти повисоко од синоќешното ниво на затворање.
@elonmusk pic.twitter.com/KElwKghpei
— Snoop Dogg (@SnoopDogg) February 6, 2021
Овој астрономски пораст на цените ја зголеми пазарната капитализација на доџкоин на над 9,5 милијарди долари, а во неделата, неговата вкупна пазарна вредност за кратко достигна 10,7 милијарди долари, што ја однесе оваа дигитална паричка на 10-то место на ранг-листата „CoinMarketKap“.
Elon Musk's Tesla buys $1.5bn of Bitcoin, causing currency to spike https://t.co/4nTAf66xhU
— BBC Business (@BBCBusiness) February 8, 2021
Обемот на трговија со доџкоин во неделата изнесуваше околу 13,5 милијарди долари, најмногу во последните 24 часа.
Доџкоин, создаден во 2013 година од шега, со ликот на тогаш популарното јапонско ловечко куче Шиба Ину со разнобоен текст во фонтот Комик Санс, оттогаш доби следбеници на пазарот.
Bunny, you are now a legit member of the Doge Army. And remember, be a Hodler! https://t.co/n0M7POJBML
— Gene Simmons (@genesimmons) February 6, 2021
Малите инвеститори неодамна вртоглаво ја зголемија цената на доџкоин, следејќи ги твитовите на Илон Маск, кој неколку пати твиташе за овој виртуелен токен низ годините.
Пред извесно време, тој објави фотографија од измисленото списание „Куче“ (Dogue), играјќи со насловот на популарниот моден магазин „Вог“ (Vogue), со што ја катапултираше цената на доџкоин за 800 проценти.
Маск потоа ја сврте својата поддршка кон биткоинот, изјавувајќи дека нема „цврст став“ кон другите виртуелни валути и дека неговите твитови за доџкоин треба да се прифатат како шега.