Вечното прашање што се поставува при нарачување пица е „дали е подобро да се земе помала или поголема?“, А сега математичарите дојдоа до заклучок дека секогаш е поисплатливо да се земе поголема пица.
Имено, поголема пица е подобра затоа што добивате поголема количина храна, но излегува дека добивате повеќе за потрошените пари и дека во пропорција на добиеното и цената, таа е дури и поевтина од обична или мала пица.
Кај нас, мала пица обично има дијаметар од 28 сантиметри, а голема 42 сантиметри. Додека цената на мала пица е приближно 230 -250 денари, цената на големата (зависи која) е речиси двојно повисока. Сето ова изгледа прифатливо затоа што за многу поголема пица плаќате двојно повеќе, но всушност не е така.
Цела формула за количината на пица и нејзината цена се појави на Инстаграм.
Математичарите користеле формула за да ја пресметаат површината на кругот и докажале дека голема пица, која во овој случај има дијаметар од 18 инчи (47 см), зафаќа површина од 645 см2 што е повеќе од вкупно две пици со дијаметар од 12 инчи (30 см) површина од 574 cm².