Што е познато за втората сезона на популарната серија „The Last of Us“?

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Само што се емитуваше финалето на првата сезона на хит серијата на HBO, The Last of Us, а многумина веќе се прашуваат кога ќе пристигне и каква ќе биде втората сезона.

Главното прашање по финалето е исто како и по играњето на првиот дел од видео играта – „Дали Џоел беше во право?“, но тоа оставаме на вас да одлучите.

А кога станува збор за втората сезона од серијата, постојат факти кои се веќе познати, како што е тоа што е одобрена веднаш по првите две епизоди од првата сезона и добрата гледаност.

Она што не е познато е кога ќе има премиера на втората сезона, но Педро Паскал изјави дека снимањето може да започне некаде оваа година, што значи дека најрано можеме да ја очекуваме до крајот на 2024 година или почетокот на 2025 година.

Крег Мејзин изјави дека серијата нема да го опфати периодот помеѓу првиот и вториот дел од играта, туку само вториот дел од играта. Сепак, можно е вториот дел да опфати повеќе од една сезона, поради неговата должина.

Многумина се прашуваа дали Бела Ремзи ќе биде сменета, поради одминувањето на времето во заплетот, но бидејќи глумеше помлада личност од себе, таа ќе остане како протагонист и во вториот дел.

Фановите на играта знаат и дека ликот на Аби е важен за продолжението, но досега никој не е избран за оваа улога, иако некои посакаа тоа да биде Шенон Бери.

Креаторите на серијата потврдија дека нема да одат подалеку од акционите игри, но доколку втората игра се подели на две сезони, постои можност третиот дел од играта да биде објавен до нивното завршување, што би овозможило продолжување на акцијата.

Слични содржини