Што е “Тортура” во кривично-правниот речник и како се казнува?

од desk4
360 прегледи

5-mirno

Терминот “Тортура” кој денеска проструи низ македонскиот етер е казниво дело во цел свет. Опфатено е преку различна терминологија, но се однесува на дејствија  за кои се  предвидени затворски казни.

images (65)

Ако овој термин се побара во официјалниот речник на македонски јазик(електронско издание), како објаснување на “тортура” пишува:

“Подлагање на телесни и душевни маки.”

Според Конвенцијата на Обединетите нации против тортура и други свирепи, нечовечки или понижувачки постапки или казни од 1984 постојат три основни елементи со кои се дефинира тортутрата:

-намерно предизвикување на голема физичка или душевна болка

-постоење на определена цел која може да биде добивање на одредено известување или признание, да се казни за одредено дело, да се заплаши или да се изврши притисок

-извршување од страна на службено лице или друго лице кое дејствува во службено својство

тортура

Во нашата правна регулатива тортурата е дефинирана како тешко кривично дело кое е утврдено во член 142 од Кривичниот законик на РМ. Ова кривично дело е насловено како Мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко псотапување и казнување и гласи:

„Тој што во вршење на службена дејност, како и тој што наведен од службено лице или врз основа на негова согласност, ќе употреби сила, закана или друго недопуштено средство или недопуштен начин со намера да изнуди признание или некоја друга изјава од обвинетиот, сведокот, вештакот или друго лице, или ќе предизвика кај друг тешко телесно или душевно страдање за да го казни за кривичното дело што го сторило или за што е осомничен тој или друго лице , или за да го заплаши или да го присили на откажување од некое негово ораво, или ќе предизвика такво страдање поради каков било облик на дискриминација, ќе се казни со затвор од три до осум години“.

нп

Во 2009 година донесени се измени и дополнувања на Законот за Народен правобранител со кои се востановуваат посебни одделенија за заштита на правата на децата и на лицата со посебни потреби, одделение за заштита на граѓаните од дискриминација и соодветна и правична застапеност, како и одделение за превенција од тортура и друг вид на сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување. На тој начин измените на законот за Народен правобранител предвидуваат преземање на активности согласно закон и меѓународно ратификувани договори меѓу кои особено важен е Факултативниот протокол кон Конвенцијата против тортура.

Мандат на Народниот правобранител како Национален превентивен механизам е редовно да го испитува постапувањето кон лицата лишени од слобода со цел превенција од тортура, да дава препораки до релевантните органи и да поднесува предлози и согледувања во врска со постоечкото или со нацрт законодавството