Проблемот што ја мачеше скоро целата светска популација во последните месеци, се разбира, покрај пандемијата на коронавирус, секако е и вишокот на килограми. Дури и „најдобриот“ го имаат овој проблем, за што сведочи и објавата на легендарниот Арнолд Шварценегер.
„Се здебелив за пет килограми. За време на состаноците на Интернет, носам темна облека и се чувствувам добро, но кога ќе се погледнам во огледало навечер, го гледам стомакот и се проколнувам: Арнолде, освои 13 титули во боди-билдинг. Гинисовата книга на рекорди те опиша како најсовршен човек во историјата. Што се случи со плочките на стомакот? Што се случува? Ова е депресивно“, призна тој на Инстаграм.
Иако зачекори во осмата деценија од својот живот и неодамна имаше операција на срцето, тој не смета дека тоа го оправдува. Со тоа, тој реши да се приклучи на предизвикот и да изгуби тежина до крајот на месецот и да ја достигне посакуваната тежина, односно бројката од 99 килограми.
„Сите доживуваме неуспеси, но тие не се трајни. Можете да го сторите тоа“, додаде тој, најавувајќи дека ќе започне да објавува кратки извештаи на својот Инстаграм профил во кои ќе споделува совети како да се храните здраво, да тренирате и да останете позитивни за време на пандемија.