Поранешниот лидер на Ал Каеда Осама бин Ладен почнал да ги планира нападите од 11 септември 2001 година на кулите близначки во Светскиот трговски центар во Њујорк, по несреќа со авион на Egypt Air која се случила две години порано.

Ова го пишува The Independent, повикувајќи се на натпис во списанието на терористичката група.
Весникот забележува дека Бин Ладен бил импресиониран од случај со авион на египетската компанија, кој летал од Лос Анџелес до Каиро и претрпел несреќа над Атлантикот во октомври 1999 година. Како одговорен за несреќата беше прогласен пилотот на авионот – 59-годишниот Хамит ал Бранува. Истрагата утврди дека тој намерно го урнал авионот. Како резултат на инцидентот загинаа 217 луѓе, претежно Американци. Кога бин Ладен ја чул рекол: Зошто не се урна авионот во некоја зграда ?. Токму тогаш почнал да ги планира напади во САД, во кои загинаа над 3 000 луѓе, пишува Индепендент.