Галерија со слики на руските борбени авиони, кои војуваат против терористите од “Исламска држава” во Сирија шири Министерството за одбрана на Руската Федерација. Како живеат руските војници на сириска земја, пак покажа видео на дописникот на Russia Today во Сирија Мурад Газдиев. Воената база “Хмејмим”, каде се распоредени дел од ударените руски сили , се наоѓа во провинцијата Латакија. Целото материјално и техничка опрема се обезбедува од Русија.
