Што имало во авионот што се урна во Грција

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Младен Богдановиќ, директор на фирмата „Валир“ д.о.о. кој е сопственик на пратката која се наоѓала во украинскиот авион кој синоќа се урна во Грција кај градот Кавала, во изјава за „Нова.рс“ открива што точно имало во авионот кој полетал од Србија и се урна во Грција.

„Станува збор за мини, чиј извоз е договорен и потпишан договор во 2021 година со Министерството за одбрана на Бангладеш. Станува збор за мини на кои што требаше да се обучуваат припадници на армијата на Бангладеш“, изјави Младен Богдановиќ, директор на компанијата „Валир“ д.о.о.

Според него, товарниот транспорт и компанијата чиј авион се урна биле ангажирани од купувачот.

„Наша обврска беше само да ја донесеме пратката до аеродромот во Ниш, од каде полета авионот што се урна во Грција. Ние немаме одговорност за оваа трагедија што се случи, освен морална, но морам да кажам дека ни е жал што се случи , и жал ни е што загинаа луѓето кои ја превезуваа нашата пратка“, изјави за Нова.рс Богдановиќ.

Додаде дека, колку што знаел, авионот требало да оди во Јордан, а потоа бил организиран товарниот транспорт до дестинацијата во Бангладеш, што е комплицирано бидејќи се работи за интерконтинентален лет.

Украинскиот авион Антонов АН-12 синоќа полета од аеродромот во Ниш кон главниот град на Јордан, Аман, но се урна во Грција во близина на градот Кавала, при што загинаа сите членови на екипажот.

По тој повод говореше министерот за одбрана Небојша Стефановиќ, кој рече дека авионот превезувал оружје во Бангладеш. Авионот носел 11,5 тони оружје.