Што кажува за вас виното што го пиете?

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Има многу видови на вино, разновидни вкусови, ароми, а на секој љубител на вино му е тешко да направи избор.

Луѓето се како виното, имаме различни карактери, нијанси на однесување кои не дефинираат како поединци, но затоа секој од нас има свој вински јазик, поточно, своја винска личност.

Дознајте на кој тип на личност припаѓате врз основа на вашиот карактер.

Дебитанти

Тие штотуку го започнуваат своето патување по винските патеки, сè уште не се сигурни кои вина се добар избор, а поради своето неискуство се склони да се одлучуваат за поевтини вина.

Туристи

Тие уживаат да ги посетуваат винските ризници, да чуваат спомени од патувањата и затоа не се грижат многу за цената и квалитетот на виното, туку сакаат да си понесат дома што повеќе вински спомени.

Авантуристи

Ја бркаат секоја можност да истражуваат нови „етикети“. Нив ги привлекува проучувањето на мириси, ароми и сензации кои ја придружуваат дегустацијата. Тие сакаат да научат што е можно повеќе за вината од различни делови на светот.

Традиционалисти

Овој тип ужива само во вина од стариот свет, докажани и квалитетни етикети од Франција, Италија, Шпанија…

Вљубеници

Тие го ценат виното со сета негова сложеност и различност, ги сакаат сите вина и уживаат во виното секој ден.

Економски љубители на вино

Тие уживаат во виното по добра цена, што генерално одговара на квалитетот на виното што го избираат.

Освестени љубители на вино

На виното му пристапуваат како на материјал – ја читаат секоја етикета, истражуваат и внимаваат на потеклото на виното. Најчесто избираат органски и биодинамички ознаки.

Елита

Со овој тип на личност, бидете подготвени да ги пробате најпопуларните вина во светот. Што и да е достапно и популарно ќе биде на нивната винска листа.

Фалбаџии

Веќе ги препознавате – пијат скапи, добро оценети вина, често со пури. Сè што зборуваат се рејтинзи, награди и цени.

Лојалисти

Секогаш знаат што сакаат и многу често се појавуваат на вашите собири со сопствено шише вино. Лојалистите се верни на својот избор и неволно пробуваат нови вина.

Сомелиери

Овие познавачи на виното го доживуваат виното како основен дел од оброкот кој секогаш мора да го надополни јадењето со кое се служи и да придонесе за извонредно гастрономско искуство.

Слични содржини