Бременоста не е само време, во кое идните родители ќе се прилагодат на промената која ќе дојде со бебето. Тоа е период во кој жената може да научи многу нешта за својот партнер. Додека фокусот е во нероденото дете, жената може да го следи својот сакан маж и да разбере некои факти за него.

Еве ги и 6-те работи кои таа ќе ги разбере за мажот во 8-те месеци бременост:

1. Како реагира во медицински процеси

Во овие месеци ќе одите по прегледи, ќе давате крв и најверојатно партнерот ќе ве придружува. Ќе видите како тој реагира на болнички мирис и атмосфера. Така двајцата ќе процените дали е добра идеја таткото да присуствува на раѓањето на бебето.

2. Како се справува со непроспиени ноќи

Речиси секоја бремена жена страда од некоја непроспиена ноќ, која не може да се спореди со оние по раѓањето на бебето. Овие ноќи ќе се нешто како тест за тоа што ве чека како пар откако ќе станете родители. Ако вашиот партнер ви прави друштво во текот на ноќта и сочувствува сега, сигурно ќе станува ноќно време да ви помага и во грижата за бебето.

3. Како реагира при психичко оптоварување

Ако вашиот партнер се грижи за вас за време на утринското гадење, нелагодност на бременоста контракциите и т. н. и ви дава физичка и психичка поддршка, значи тој ќе ви биде вистинска потпора за време на одгледувањето на вашето дете.

4. Како се справува со несигурноста

Создавањето и раѓањето на едно бебе е прашање со многу непознати. Во 9-те месеци од бременоста ќе дознаете дали имате до себе сигурен партнер кој може да се прилагодува на промените лесно и да ги прифати новите предизвици со позитивизам.

5. Колку овој човек ви е близок духовно

За време на некои фази на бременоста, како и веднаш по раѓањето на бебето, вашиот сексуален живот со партнерот ќе се промени. Ќе видите дали тој бара други начини да ви покаже интимност и блискост и дали продолжува да ве тера да се чувствувате секси, иако вие самата не се чувствувате така. Ако тој се обидува да се поврзе со вас на интимно ниво без физичка блискост, значи вие навистина имате духовна врска меѓу себе.

6. Што значи семејството за него

Во периодот на бременоста ќе дознаете повеќе за системот на вредности на својот партнер, за традициите до кои тој држи и т.н.  Цело ова време ќе сфатите дали овој човек навистина е подготвен да се посвети на своето ново семејство и дали ја очекува со нетрпение новата улога на татко.