Што ќе кажат македонските бизнис олигарси кои “кумуваат” со властите?- ЕК предложи секоја земја да има одбор за конкурентност

од desk3
69 прегледи

Европската комисија официјално предложи секоја земја од еврозоната може да има посебна институција која ќе следи колку поконкурентна е економијата и колку брзо да се зголемуваат платите, соопшти Reuters. За земјите надвор 19-те во клубот на еврото таков одбор за конкурентност е препорачлив.

zx620y348_2634644

Мерката е дел од поширок план за засилена интеграција на еврозоната, која може да функционира добро, само ако нема значајни отстапувања во параметрите на економиите. За неговата примена е потребно одобрение и на националните влади, но Bloomberg потсетува дека слични големи проекти со 10-годишен хоризонт често се распаднаа поради несогласувања. Првичните реакции на иницијативата за борд се нееднозначни најмногу поради загриженоста дека тоа може да се претвори во нов регулатор на трудовото договарање.
Која е идејата?
Според предлогот Бордот за конкурентност ќе користи искуство и познавање на економисти и статистичари. Земји како Холандија и Белгија веќе имаат таква институција, а Германија – институти за анализа и препораки за конкурентност. Секоја држава сама ќе го одреди пристапот – дали да создаде нов борд, или да ги прошири овластувањата на веќе постоечките институции.
Параметрите на кои Бордот одговара, вклучуваат:
– Да биде независен од владата и да ја следи конкурентноста во поширока смисла, политиките за подобрување и дали се ефикасни;

– Да ги анализира не само разликите во трошоците за производство, но исто така и продуктивноста, квалификациите, атрактивноста на бизнис средината и иновациите;

– Да обезбедуваат информации и експертиза за механизми за формирање на платите, но без да одредува плати и без да се меша на социјалните партнери;

– Да дава совети за политиките низ призмата на еврозоната и ЕУ;

– Да ги информира земјите членки и eврокомисијата при знаци за макроекономски дебаланси;

– Да работи непристрасно и со висок квалитет о еднаш годишно да објавува извештај.

Зошто е важно?

“Продуктивноста е клучна за конкурентноста, растот и создавањето на работни места. Во државите од еврозоната има комплетно одложување во продуктивноста. Тоа е клучен предизвик”, предупредува eврокомисијата во специјалното соопштение. Во летото, кога за прв пат беше претставена идејата ,податоците покажуваат дека од околу 1% годишно кон крајот на 90-тите години, растот на продуктивноста опадна до 0,4% во 2014 година

Во исто време конкурентноста е клучна и за избегнување на кризи, бидејќи во зона на единствена валута земјите со сериозни разлики за овој индикатор не можат да го користат девизниот курс на националните валути за компензирање на разликите со другите членки.

Случаите со Грција, Ирска, Португалија, Кипар и Шпанија се илустрација за овој проблем и ако навреме беа пресретнати акумулираните долгови и нерамнотежа, адаптацијата немаше да биде толку болна за нив, велат од Еврокомисијата.
Загриженоста!
Иницијативата предвидува Еврокомисијата да е координатор меѓу националните одбори и да тие да разменуваат со нив идеи. Ова веќе е доволно да пречи на престолнини како Лондон, каде што има силен отпор против обидите на Брисел да се даваат нови надлежности, особено во политиките во економијата.

Критики има и од Европската конфедерација на синдикати (ETUC), дополнува Rеuters затоашто синдикалците стравуваат дека еден таков одбор ќе става повеќе акцент врз формирањето на платите и нема да обрнува доволно внимание на таквите фактори за конкурентност како состојба на образовниот систем, јавна инфраструктура или квалитет на производите и услугите.

“Еврозоната страда од недостаток на инвестиции и домашна побарувачка. Создавањето на одбори за конкурентност ќе стави акцент врз платите, а тоа нема да помогне. Се плашам дека долгорочната цел е да се влијае посилно на преговорите на пазарот на трудот, а за нас тоа е апсолутно неприфатливо “, вели Вероника Нилсон, зам. генерален секретар на ETUC.