Што ќе прават новите гласовни команди во Андроид 5.0

од Vladimir Zorba
78 прегледи
Многу сопственици на паметни телефони и таблети со нетрпение очекуваат нивниот да биде ажуриран на новата платформа Андорид 5.0. Аналитичарите од Андрид Полис сега не информираат за нова корисна карактеристика која ќе ја олеснува работата на корисниците во најновата верзија на мобилниот софтвер на Гугл. Излегува дека тие можат да користат гласовни команди, за да променат некои од прилагодувањата на услугата Гугл Нау, пренесува Енгаџет.new-google-now-screenshots-hint-android-5-0
На овој начин корисниците можат максимално брзо да активираат или блокираат Блуту и Ви-Фи, да стартуваат апликации на своите смартфони и др. Компанијата исто така експериментира и други нови функции, кои наскоро корисниците ќе можат да ги контролираат директно со вашиот глас. На овој начин Гугл се надеваат дека ќе ни олеснат максимално во работата и лансирањето на некои од најпопуларните апликации во Андорид 5.0.
Во оваа фаза оваа функционалност е ограничена само на уредите со последната верзија на мобилната платформа. Сеуште не знаеме дали компанијата има намера да им овозможи и на корисниците чии уреди работат со постарите верзии на Андроид да работат со неа.