Што ќе претстават Леново na 23 март

од Vladimir Zorba
138 прегледи
Леново имаат силно присуство на кинескиот пазар, но компанијата во последните месеци вложува многу напор за да го прошири своето влијание и на европскиот континент. Компанијата сега закажа специјален настан што ќе се одржи на 23 март и на него се очекува да го видиме нејзиниот нов паметен телефон од висока класа. Предметниот уред се нарекува Вајб З3 Про и се очекува да понуди бројни подобрувања во споредба со својот претходник, пренесе Гсмарена.LenovoLogo-01-578-80
Самиот модел е создаден за да го привлече вниманието на љубителите на фотографијата и ќе располага со 16-МП камера во задниот дел со оптичка стабилизација на сликата и ласерски автофокус. Уредот исто така се очекува да има и уште еден 8МП сензор за селфи фотки напред и ќе предложи 5.5-инчен дисплеј со КХД резолуција од 2560х1440 пиксели. Смартфонот ќе работи со Андроид 5.0.2 и ќе се напојува од моќен Снапдрагон 810 процесор на Куалком, кој е со осум јадра и е надополнета од 4ГБ РАМ.
Другите спецификации ќе вклучуваат Горила Глас 4 заштитно стакло, 32ГБ внатрешна меморија, поддршка за Блутут 4.0 иЛTE мрежи и батерија со капацитет од 3400 милиампер часови. Леново Вајб З3 Про ќе биде опремен со слот за две СИМ картички и ќе се појави како најдобар модел создаден досега од компанијата во овој сегмент на пазарот. Останува само да видиме по која ќе се продава уредот на европскиот пазар.