102
Сони планираат да се претворат во една од најактивните компании на претстојната изложба МВЦ 2015, што ќе се одржи во Барселона во првите денови на март. Јапонскиот производител подготвува премиера на неколку интересни нови производи кои ќе ги видиме официјално за време на настанот. Последните податоци на интернет сега ни откриваат дека прес-конференцијата на Сони ќе се одржи уште во првиот ден на конгресот, имено 2 март, сподели Гсм арена.
Нема никакво сомневање дека најатрактивен производ од портфилиото на компанијата ќе биде нејзиниот предводник – Експериа З4. Новиот паметен телефон од висока класа на Сони се очекува да ни предложи 5.2 или 5.5-инчен дисплеј со Куад ХД резолуција од 2560х1440 пиксели. Густината достигнува до импресивни 564ппи, а моделот ќе работи со Андроид 5.0 и ќе се напојува од брз 64-битен процесор на Куалком.
Според непотврдени информации, уредот ќе има 4ГБ РАМ и напредна камера со резолуција од 21МП. Благодарение на неа корисниците ќе можат да снимаат клипови со 4К резолуција и најверојатно Експериа З4 повторно ќе има водоотпорен слој. Ќе биде интересно да дознаеме какви други карактеристики ќе понуди претстојниот уред на Сони.
