Мозокот на мажите буквално престанува да работи кога патентот е раскопчан, а панталоните соблечени. Не дека господата тотално престануваат да мислат, само тогаш целта е една – “Гола жена, треба да ја допрам!”.
Сето тоа се менува кога ќе дојде редот на оралните бакнежи. Тогаш мажите имаат цел, имаат потреба од стратегија, за да ја направат дамата среќна. Кои мисли им се вртат во главата?
1. Тоа ли е?
Машкиот пенис нема како да остане незабележан, без разлика на големината. Женскиот клиторис сепак е скриен и треба вештина за да биде стимулиран правилно. Уште повеќе што кај секоја жена стимулацијата е индивидуална. Еве зошто мажите се секогаш малку заинтригирани кога се заиграат со оваа интимна област и се се прашуваат дали го прават тоа правилно. Повратна врска од дамата во форма на стенкање и вербална мотивација е задолжителна за насока.
2. О, не! Тоа гребе!
Влакната во интимната област не се во мода и не се особено пријатно искуство за претставниците на посилниот пол, кои со ентузијазам се фрлиле во оралните бакнежи. Дури и да сте се избричиле пред неколку дена, малите влакна, може да им предизвикаат силна непријатност.
Препорачливо е да се обложувате на восок или ласерско отстранување на влакна, по што дури и при растењето, влакната се меки.
3. Дали ќе ми го врати гестот!
Голем дел од мажите се надеваат на реципроцитет во оралните бакнежи и од таа причина воопшто се зафаќаат со мисијата да ја донесат до оргазам својата партнерка. Праведно е сепак, особено ако се вешти со јазикот!
4. Чекај, тоа оргазам ли беше?
Уште една мистерија! Мажите сакаат да знаат кога жената завршува. Тоа често се гледа по викотниците и стискањето на косата или чаршафите, но бидејќи господата знаат дека дамите симулираат, се надеваат дека ќе бидат соодветно убедени дека ја завршиле нивната работа.
5. Дали е доволно?
Тој може и да зоврие со лицето меѓу нозете со ентузијазам, но бидете сигурни дека не сака да поминат толку часови. И вие сте таа која треба да му помогне при што може да се префрлите на други активности кои сигурно ги очекувате со уште поголема желба.
6. Може да пробаме 69?
Дури и тој да е од типот мажи кои сакаат да испорачуваат задоволство со јазик на својата партнерка, не забораваат и на сопственото задоволство и очекува реципроцитет. Па не бидете егоисти и погрижете се и за него, верувајте, тоа ќе го мотивира да се даде повеќе.