Што може да направи вагината?

од Vladimir Zorba
744 прегледи

Женската вагина е исклучително сложен орган. Тој може да зборува многу и тоа прилично елоквентно за женското здравје и состојбата на организмот на една жена.
Но,  што уште може да прави нашата вагина?e5e1dce59eebbcca62f755952abbf2c6

Вагината може да се чисти сама
Не мислете дека секој вагинален исцедок е знак на болест или инфекција. Белиот транспарентен вагинален исцедок без мирис е начинот на кој вагината се самопрочисутва од бактерии и мртвите клетки.

Вагината може да ја менува бојата
Не се плашете ако вагината ви ја смени бојата. Ова исто така во некои случаи е сосема нормално. По сексуалниот однос, на пример, вагината може да добие темно црвена кон пурпурна нијанса. Ова не треба да ви пречи, бидејќи е нормално имајќи ја предвид зголемената циркулација на половите органи за време на секс.
Исто така за време на менопаузата вагината може да добие бледа боја поради климактеричните полови хормони во оваа возраст.

Вагината може да се зголемува
Вагината ги менува димензиите со времето. По раѓање таа може да се зголеми, како и при сексуален однос повторно поради исполнување со поголема количина крв.

Вагината може да стане посилна
Ова може да се направи со помош на вежбите на Кегел за тесни вагинални мускули. Вежбите за зајакнување на карлицата исто така помагаат за затегнување на вагината.45eed0d5ae1fa5ae301230644c772689

Вагината може да ви “зборува”
Не во буквална смисла, се разбира, но ако се погледне повнимателно во неа ќе најдете дека таа “зборува” многу јасно за својт статус. Прегледувајте ја редовно вагината со огледалце, за да реагирате навреме, ако забележите нешто лошо во надворешниот нејзин дел.
Внимавајте на струите и мирисите кои таа ги зрачи за да дознаете дали сè со неа е во ред.

Вагината се брани сама
Веројатно нема жена која не си помислила барем еднаш во животот, дека тампонот, менструалната чаша или кондомите можат да се изгубат некаде во вдлабнатините на вагината  и да не излезат никогаш повеќе оттаму.

Тоа не е можно! Вагината се брани сама себе од слична инвазија. Точно е дека вагината е поврзана директно со матката, но грлото на матката е таму за да го спречува влегувањето на какви и да било предмети навнатре во матката.
Единственото нешто што може да помине низ овој тесен канал, и тоа како низ вентил е спермата.

Вагината може да приклешти пенис
Ова не е шега. Вагината буквално може да го задржи пенисот во заробеништво. Овој феномен е исклучително редок. Се случува кога за време на сексуален однос мускулите на карлицата ќе ја “здрват” мускулатурата на вагината и предизвикаат нешто како спазам, кој го прави вадењето на пенисот од вагината невозможно.
Ако ви се случи треба да легнете и да побарате медицинска помош, ако е можно.