Што му се случува на нашето тело ако седум дена не јадеме шеќер?

од Берта Китинска

Природните шеќери што се наоѓаат во овошјето, млекото и останатите намирници не се штетни, и можат да се внесуваат во поголеми количини. Меѓутоа, индустриски процесираните и рафинираните шеќери се голема опасност. Доколку ги исфрлиме од исхраната можеме драстично да го подобриме своето здравје, а лесно ќе ги замениме со медот, стевиа или јаворов сируп.

Секако, полесно е да се каже, отколку нешто да се направи. Но важно е да се донесе одлука. Со отстранување на шеќерот од исхраната ќе ја спречиме штетата која тој ја создава, додека долгорочните резултати можат да бидат импресивни.

Што се случува после првата недела?

Откако ќе престанете да конзумирате шеќер само една недела, во вашето тело ќе се случи една од овие две работи:

– Ако во вашиот живот доминирала преработената храна, соковите, газираните пијалаци и шеќери, веројатно и понатаму ќе бидете во фаза на детоксикација.

Шеќерот е пред се зависност, а од голем дел од зависностите не можеме да се откажеме ако не поминеме низ одредена криза. Во првата недела, а ако сте јаделе повеќе шеќер, тогаш и малку подолго, може да почувствувате желба за шеќер, па дури и депресија. Тие последици се намалуваат веќе после првата недела, но во зависност од тоа колку сме биле зависни од шеќерот, може да потрае оваа фаза и уште една до две недели.

– Ако вашиот внес на шеќер бил поумерен, и ако сте се префрлиле на исхрана богата со протеини, влакна и здрави масти, веќе после седум дена би требало да се чувствувате многу подобро.

Ќе бидете побрзи, количината на енергија во текот на денот ќе биде постабилна, а ќе ви се подобри и расположението.


Што се случува после еден месец, а што после една година?

После еден месец без шеќер вашата желба за десерти ќе исчезне, а наместо тоа ќе се зголеми желбата за протеини и лиснат зеленчук.

Ако издржите цела година без процесирани шеќери, ќе ви се подобри здравјето. Телото ќе ви се прилагоди на функционирање на есенцијални хранливи состојки, а многу едноставно ќе загубите и килограми.

Напоменуваме дека во составот на таков стил, можете од време на време да си дозволите нешто благо. Целта е поголем дел од времето да јадете здраво, но ако одвреме-навреме уфрлите мало слатко задоволство, тоа нема да ви пречи на вашиот нов пат.

Слични содржини