Во годинава што изминува корисниците на Google најмногу барале информации за терористичките напади во Париз и за оскарите. По нападите биле направени 897 милиони пребарувања, а за Оскарите имало над 406 милиони.

По клучни зборови на листата најпребарувани води кошаркарот Ламар Одом (кој се опоравува откако го најдоа во несвесна состојба во бордел), потоа Charlie Hebdo (париската редакција што беше жртва на терористички напад), па, во топ-10 следат Agаr.io (новата онлајн заразa/игра), Jurassic World (филмот), Paris, Furious 7 (филмот), Fallout 4 (новото продолжение на RPG играта), Ронда Роузи (натпреварувачката во боречки спортови и актерка), Кејтлин Џенер (екс-Брус Џенер) и American Sniper (филмот).