317
Кралицата на поп музиката, Мадона, не престанува да ги изненадува следбениците на социјалните мрежи. Имено, пејачката се снимала со гитара, а потоа и го лижела музичкиот инструмент.
„Дали е можно да се вљубите во гитара?“, напишала познатата пејачка покрај видеото.
Следеа многу коментари, повторно критикувајќи го однесувањето на Мадона.
„Што не е во ред со тебе?“, „Многу ме збунуваш со тоа што го правиш“, „Многу е тажно да се види Мадона како се обидува повторно да ги живее дваесеттите години“, се само дел од коментарите.
Да потсетиме, на доделувањето на Греми наградите, кое се одржа пред два месеца, пејачката ја шокираше јавноста со својот изглед по новите естетски корекции.