2016 година ќе е престапна.Според народните верувања во неа не треба да се разведуваме и да ја менуваме својата работа, тврди rambler.ru.
Причината што има престапна година е дека земјата прави целосна обиколка околу Сонцето за 365 дена и 6 часа, а не само за 365 дена. Ова бара на секои 4 години во февруари во календарот да биде додаван во 1 дополнителен ден и така месецот има 29, а не 28 дена.
Иако од научна гледна точка сè е јасно, многумин ја поврзуваат престапната година со различни суеверија и верувања.
А еве ги најраспространетите од нив:
– Не треба да ја менуваме работата. Но, ако сепак сме нашле нешто многу соодветно, мора прво реално да ги процениме силите и можностите пред да донесеме одлука.
– Не смее да се разведуваме. Ако постои и најмала можност да го сочуваме своето семејство, подобро е тоа да го направиме. Старите луѓе забележале дека оние кои се разведуваат во Престапна година, потоа потешко си создаваат ново семејство.
– Не е препорачливо да се склучува брак. За среќа тоа не се однесува на целата година, туку само за 29 февруари и за целиот месец мај.
– Кога ќе падне првиот дожд во престапна година, добро е човек дазастане под капките за среќа и успех.
– Не треба да ги делиме плановите за иднината, бидејќи нема да имаме среќа.
– На 29 февруари не треба да потпишуваме договори, да водиме преговори и да правиме други сериозни нешта.
– Не треба да земаме големи суми на заем. Нивното враќање ќе биде тешко, а тоа може да доведе до проблеми.
– Не смее да купуваме и продаваме недвижен имот, да правиме поправки.
– Децата родени во престапна година, се среќни. А, оние кои дошле на свет а 29 февруари, можат да не се плашат од пожари и поплави, бидејќи тие нема да ги засегнат. Тие поседуваат исто јасновидска дарба.