Интервјуата со рускиот претседател Владимир Путин се често интересни, но ова од 2018 година остави посебен впечаток заради едно прашање.
Новинарот го праша рускиот претседател дали умее да прости, на што Путин одговори: Да, но не се.
Следуваше прашањето: Што не простувате?
Путин одговори „како од топ“: Предавство!
– Го изговоривте тоа многу силно, во врска со предавството, дали сте биле предаден често во животот? – го праша новинарот рускиот претседател.
– Знаете, не сакам да зборувам за тоа. Во суштина, никогаш не сум се соочил со сериозни ситуации во мојот живот што би рекол дека се предавство. Немало такво нешто во мојот живот.
Новинарот тогаш го праша рускиот претседател дали се плаши дека некој ќе го предаде.
– Тешко е да се каже. Можеби секогаш избирав луѓе кои не беа способни да изневерат – заклучи Путин.