Што пишуваше на дланката на убиецот на Флојд: Овој детал го привлече вниманието на судењето

од Nikola Popovski
464 прегледи

Поранешниот полицаец Дерек Човин е виновен по сите обвиненија за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис минатата година.

Додека чекал судијата да ја прочита одлуката на поротата, хеликоптери прелетале над Вашингтон.

Додека осудениот поранешен полицаец бил изнесен од судницата, забележано е дека има напишано нешто на левата дланка. Ерик Нелсон, адвокатот на Човин, потврди дека станува збор за телефонски број.

Шовин го напишал набрзина, откако судијата му ја одбил кауцијата и прочитал дека тој е виновен по сите точки на обвинението за убиството.

Да потсетиме, Флојд во мај минатата година во продавницата користел фалсификувана банкота од 20 американски долари, поради што продавачот повикал полиција. Четворица полицајци излегоа на теренот и го соборија на земја, а Човин го држел коленото врз неговиот врат скоро 9 минути, по што несреќниот човек почина. Тоа убиство започна голем бран протести низ цела Америка, но и низ целиот свет.

Слични содржини