Францускиот парламент во средата ѝ изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Мишел Барние, откако 331 пратеник кренаа рацете за да ја „урнат“.
Емануел Макрон, францускиот претседател кој за денеска најави обраќање до нацијата по падот на владата, се најде во незавидна ситуација. Според Пјер Бриандсон, тој има три опции пред себе.
Првата опција, која лоша, би била да се назначи премиер по моделот на Барние – умерен центрист кој би можел да бара компромис со Марин Ле Пен и Националниот собир (РН). Барние веќе ѝ дал одредени отстапки во вредност од околу 10 милијарди евра, како дел од неговиот план за намалување на дефицитот од 60 милијарди евра.
Доколку се понудат повеќе компромиси, францускиот буџетски дефицит следната година најверојатно ќе надмине 5 отсто од БДП, што е скромната цел на Барние.
Втората опција, полоша од првата, би била да се назначи премиер од партијата на Ле Пен или од левичарската алијанса Нов народен фронт, во која е вклучена и партијата Непокорена Франција на Жан-Лук Меланшон. Макрон може да очекува дека таквиот потег ќе им покаже на гласачите дека ниту една партија не е способна да владее.
Оваа опција би го намалила дефицитот. За време на предизборната кампања за парламентарните избори, левицата презентираше програма која може да го зголеми францускиот дефицит за 180 милијарди евра годишно. Истата организација процени дека ветувањата на партијата на Ле Пен ќе го влошат буџетскиот дефицит за повеќе од 70 милијарди евра.
Конечно, постои и најлошата – трета опција за Макрон. Соочен со неможноста да најде премиер кој би можел да направи компромис за буџетот, тој би можел да поднесе оставка. Тоа би ја втурнало Франција во неизвесноста на кампања за претседателски избори, од која Ле Пен би можела да излезе како победник.
Кандидатите декларативно би ја поддржале потребата за фискална дисциплина, додека се натпреваруваат во ветувањата за трошење и намалување на даноците без покривање.
Во меѓувреме, на Франција би ѝ било уште потешко да донесе буџет, а би се одложила фискалната дисциплина, што би ја зголемило суровоста на мерките за штедење кои ќе бидат потребни за неколку години, пишува Ројтерс.