Што правел Тодоров периодот пред да биде нападнат со пиштол?

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Ни помаку ни повеќе

Дваесетина дена пред да биде разрешен од функцијата заменик претседател на техничката Влада, Никола Тодоров отворал и затворал Почесни конзулати во Труција и Романија. Одлуките на Тодоров да ги затвори Почесните конзулати во Ајдин и Малатија, а да ги отвори во Бодрум, Труција и во Темишвар, Романија ги потпишал на 9. мај, а во Службен Весник се објавени дента кога тој е разрешен од функцијата и кога си поднесе оставка од пратеничкото место во Собранието.

Екс министерот и вицепремиер, Никола Тодоров ги отповикал Ибрахим Донерташ од местото Почесен конзул во Ајдин и Хикмет Танриверди од Малатија, а ги именувал Павел Ернест Дупта како Почесен конзул во Темишвар во Романија и Мехмет Дурмаз во новиот Почесен козулат во Бодрум, пишува А1он.

Тодоров пред заминувањето го разрешил и Висар Фида од должноста директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, а во Службениот весник е наведено дека тоа го прави на барање на Фида. На нејзино барање е разрешена и Сања Димитриевска од должноста државен секретар во Министерството за внатрешни работи.

На сите овие одлуки на Владата, потпишан е Никола Тодоров како заменик претседател на Владата на Република Македонија, а на ниту една одлука не е потпишан екс премиерот Емил Димитриев.

Притвор од 30 дена за Љупчо Стојановски кој пукаше во екс министерот Тодоров

Како и да е Тодоров е жив, дедото на Тамара во притвор, а одлуките на  потписите за именувања , веројатно ќе бидат разгледани и ревидирани.Што толку му „горело“ на Тодоров и по 11 години владеење, да се  потпишува до последен ден и прават рокади,  за се тоа многу бргу ќе стигнат одговорите. Истрагите се во тек.