Рускиот претседател Владимир Путин не се појави на мировните преговори во Истанбул, иако беше поканет од украинскиот претседател Володимир Зеленски. Наместо тоа, тој одржа тајна средба со директорот на „Промсвјаз банка“, Пјотр Фрадков. Фрадков го информираше Путин за активностите на банката во поддршката на државната одбрана и кредитирањето на компании од воено-индустрискиот комплекс.
Тој истакна и дека банката спроведува програми за помош на ветераните и вработените во овој сектор. Особено беше нагласена и развојната улога на небанкарските услуги, како што се осигурувањето и програмата за правно советување под називот „PSB Pravo“. Покрај тоа, Фрадков зборуваше и за проширувањето на пазарот на банката во нови региони. Во меѓувреме, денес во Истанбул се одржуваат првите директни преговори меѓу руската и украинската делегација, кои се одржуваат по почетокот на војната во март 2022 година.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски го покани Путин да дојде и да разговара директно за завршување на конфликтот, рускиот лидер нема да присуствува на преговорите.