Што се може да се купи со цената на iPhone во Индија

од desk3
85 прегледи

Apple iPhone е прескап смартфон речиси насекаде во светот. Ова не влијае добро на продажбата во повеќето земји, но ситуацијата е поинаква во Индија. Анализа на компанијата Mizuho Securities покажува колку е скаптелефонот на Apple во Индија, соопшти онлајн изданието BusinessInsider.

Анализата на Mizhuo Securities е направена со моделот iPhone 6S кој Apple го пушти на пазарот уште во 2015 година. За истите пари корисник во Индија ќе може да купува храна за една година однапред. Може да си плати и еднособен стан за еден месец или да купи 5 двонасочни авионски билети за патување од едниот крај на земјата до другиот.

Наместо iPhone 6S, жител на Индија може да си ги плати водата и струјата за 4 години однапред или за исто толку време да плаќаат интернет и кабловска телевизија. Сумата за еден iPhone 6S ќе обезбеди и 4 години месечна претплата на мобилен телефон. Со истата сума ќе може да плати 4 месеци на студентски кредит, 6 месеци закуп за автомобил или горивото за една година.