Што се случува во Германија: 300.000 слободни работни места, наскоро ќе има повеќе од милион

од Nikola Popovski
346 прегледи

На Германија има потреба од голем број доселеници бидејќи и се заканува сериозен недостиг на работна сила, што може да ја поткопа продуктивноста и да ја загрози успешната „енергетска транзиција“, изјави Роберт Хабек, министер за економија на најголемата европска економија.

„Имаме 300 илјади отворени работни места. Очекувајте дека ќе пораснат до милион и повеќе“, рече министерот Хабек, лидерот на Зелените, на прес-конференција.

„Ако не ја пополниме таа дупка, ќе имаме реални проблеми со продуктивноста“, додаде тој.

Зголемена имиграција

„Се разбира, тоа значи повеќе квалификувани работни места, обука и подобри можности за вработување, но и подобри можности за семејствата. Во Германија тоа секако значи зајакнување на имиграцијата во сите области – за инженери, бизнисмени, негувателки. Сè уште треба да го организираме“, рече Хабек, вицеканцелар на коалициската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

Германскиот економски институт проценува дека бројот на работници годинава ќе се намали за повеќе од 300.000 поради пензионирање. Се очекува во 2029 година бројот на работници да се намали за повеќе од 650.000, така што на пазарот на трудот во 2030 година ќе недостасуваат приближно пет милиони работници.

Темпирана бомба за пензискиот систем

Бројот на вработени Германци се зголеми на речиси 45 милиони во 2021 година, и покрај пандемијата на Ковид-19.

По децении ниски стапки на наталитет, недостигот на работна сила е демографска темпирана бомба за германскиот пензиски систем, кој треба да финансира помалку работници, додека бројот на пензионери кои живеат подолго расте.

Владејачките партии во текот на преговорите за формирање на коалицијата се договорија да ги намалат пречките за увоз на квалификувана работна сила, а минималната саатница ја зголемија на 12 евра, објави „Индекс“.

Фото: Herrndorff – stock.adobe.com