Што се случувало во деновите пред смртта на Пригожин?

од Stefanija Kuzmanovska
505 прегледи

Точно два месеца по неговиот неуспешен бунт против руското воено раководство, во Русија се урна авион во кој наводно се наоѓал шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин.

„Руското министерство за одбрана и Кремљ ја уништија приватната воена компанија Вагнер и го ослабнаа авторитетот на Пригожин по бунтот, а атентатот на највисокото раководство на Вагнер беше веројатно последниот чекор во елиминацијата на Вагнер како независна организација“, оценува Институтот за проучување на војната (ISW) во новиот извештај.

Пригожин последен пат бил виден во понеделникот, наводно во Африка, каде што замина откако најде азил во Белорусија како дел од договорот. ISW пишува дека Пригожин веројатно побегнал и од Африка поради обидите на руската армија да ги поткопа активностите на „Вагнер“ во тој регион. Извори запознаени со руските безбедносни служби тврдат дека имало „напор целосно да се спречи Вагнер да дејствува во Африка“, пишува ISW.

Рускиот план за платениците на „Вагнер“

„Можно е Пригожин да отпатувал во Африка со надеж дека ќе обезбеди дополнителни мисии за платениците Вагнер, независно од руското министерство за одбрана и Кремљ“, се додава во извештајот.

Според инсајдерски извор, руската армија планирала целосно да го оневозможи „Вагнер“ да дејствува во Африка и да ги замени платениците со корпус од 20.000 војници. Изворот додаде дека Пригожин длабоко се спротивставувал на тие напори и „направил се за да ги спречи“.

ISW забележа дека во средината на август Пригожин и претставниците на „Вагнер“ ги интензивирале напорите за повторно воспоставување на „Вагнер“ во Африка и на Блискиот Исток, а Пригожин дури објавил видео од себе во неодредена африканска земја на 21 август, едно од ретките објавени видеа на Пригожин од бунтот. Иднината на „Вагнер“ без Евгениј Пригожин е неизвесна, заклучува Институтот за проучување на војната.

Слични содржини