Што си рекоа Обама и Кастро на историската средба во Панама

од desk3
133 прегледи

Претседателот на САД Барак Обама се сретна со кубанскиот претседател Раул Кастро вчера во Панама – првата официјална средба меѓу лидерите на двете страни од половина век наваму, и ветија дека ќе работат на подобрување на односите по децении на непријателство.

GJUPCI

Средбата на највисоко ниво меѓу САД и Куба по револуцијата на островот била во април 1959 година – меѓу тогашниот потпретседател Ричард Никсон и Фидел Кастро, кој е премиер во тоа време, потсетуваат агенциите.

Обама ја нарече средбата во Панама “историска” и изјави дека двете страни можат да стават крај на антагонизмот од времето на Студената војна, иако додаде дека ќе продолжи за врши притисок над комунистичката земја во врска со човековите права. Кастро изјави дека ќе продолжи да прави чекори кон нормализација на односите со Вашингтон и е отворен за разгледување на човековите права и други теми.

Двајцата дадоа кратки изјави за новинарите пред средбата, седнати во своите фотелји еден до друг во мала конференциска сала во Конгресниот центар во Панама Сити, каде двајцата учествуваа на самитот на двете Америки.

Атомосферата беше срдечна, макар и деловна, забележуваат агенциите. Секој од двајцата ги одобрува со насмевка на зборовите на другиот.

“Заклучокот до кој дојдовме и двајцата е дека можеме да сме несогласни во духот на почитување и следење. Со времето е можно да свртиме нова страница и да развиеме нови односи помеѓу нашите две земји”, изјави Обама, цитиран од американските медиуми.

Кастро пак изјави дека е согласен со сè што е кажано од Обама – само по себе фасцинантна изјава од еден кубански лидер, забележуваат агенциите – но со забелешката дека се согласува да не се согласува понекогаш. Куба е подготвена да дискутира за прашања како човековите права и слободата на печатот, но со трпение.

Подготвени сме да разговараме за сè, но треба да бидеме трпеливи, многу трпеливи, рече тој. Ништо не е статично, несогласувањата од денес може да се претворат во зони на согласност утре, темпото на животот во моментов во светот е многу брзо, прецизира Кастро.