Што симболизираат олимписките кругови и какви тајни уште кријат?

од desk4
1,2K прегледи

Во пресрет на Олимписките игри во Токио, (од  23 јули, до 8 август), да се потсетиме што знаеме за олимпискиот симбол, петте кругови во различни бои, меѓусебно поврзани. Сосема е лесно да се даде одговор на тоа. Но, дали знаете зошто боите кои се избрани за круговите се токму баш тие, и што симболизира белата позадина на која се исцртани круговите?

Значењето на олимписките кругови

Петте олимписки кругови на олимпиското знаме се дизајнирани во 1913 година, а првпат се користени на игрите во 1920 година. Безброј пати сме ги виделе, но зошто се токму тие бои на круговите и од каде кругови како симбол на игрите?

Родното место на Олимписките игри е светилиште на старите Грци, а олимписките кругови представуваат пет разлини континенти, бидејќи сите држави во светот ги испраќаат своите најдобри спортисти на овој натпревар.

Според правата верзија олимписките кругови претставуваат обединување на 5 континенти, симбол на заедништво и сила без обзир на бојата на кожата и потеклото.

Плавиот круг ја претставува Европа, жолтиот Азија, црниот Африка, зелениот Австралија и црвениот Америка.

Втората верзија е поврзана со името на познатиот психолог К. Јанг и според неа Јанг, како познавач на кинеската филозофија, ги предложил прстените како симболи на големина и енергија.

Изборот на бројот на прстените бил поврзан со пет различни енергии,  (дрво, вода, оган, метал и земја). Се верувало дека секој од учесниците треба да ги совлада следните спортови: пливање, скокање, трчање, мечување и пукање. Боите на олимписките прстени, според оваа теорија, одговараат на секој од овие спортови, како и на една од наведените пет енергии, плава-вода-плава, скокање-дрво-зелено, земја-трчање-жолто, мечување-оган-црвено, стрелање-метал-црно.

Третата верзија е додаток на првата и се верува дека боите на олимписките прстени се нијансите кои ги содржат знамињата од сите земји во светот.

Факелот, кој е упален од  сончевите зраци, исто така претставува повеќенаменски симбол. Тој воспоставува мир на планетата, потсетувајќи ги луѓето од различните раси на некои идни задачи на човештвото.

Но зошто олимписките прстени од различни  бои се на бела позадина? Белата боја е симбол на сите нешта и чистина и секоја боја на белата боја е доминантна. Сите кругови се зашитетни со закон и не може да се користат во комерцијални цели.

Слични содржини