Што сними најбрзата камера во светот

од desk3
83 прегледи

Најбрзата камера во светот, чија брзина е 3 милијарди пати поголема од онаа на smartphone, успеа да сними како дејствуваат невроните во човечкиот мозок, пишува “Дејли мејл”.

mozok

Нашите сто милијарди неврони блеснаа по 200 пати во секунда. Новата камера успеа да ја сними оваа интензивна активност со својата единствена брзина при што ги фиксира електричните импулси во невроните.
Развојот е дело на научници од Универзитетот “Џорџ Вашингтон” во Сент Луис. Камерата е способна да сними 100 милијарди фрејмови во секунда. Тоа и овозможува да регистрира како минуваат електричните сигнали во невроните во мозокот. Тие се шират во нервите со брзина од 100 метри во секунда. Ниедна постоечка камерата досега не можеше да сними слични процеси.

Новиот апарат се базира на методот на компресија ултрабрза фотографија во која се користат 1 милион микроогледала со димензии 7 на 7 микрони.