„Што сте седнале толку далеку“: Путин на состанок со военото раководство (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
517 прегледи

За време на состанокот со раководството на Министерството за одбрана и воената индустрија, претседателот на Русија, Владимир Путин, се пошегува на сметка каде е седнат, односно дека е далеку од другите.

„Зошто сте седнале толку далеку? Се плашите од мене или мене ме штитат од вас?“, се пошегува Путин.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу на шега одговори: „Владимир Владимирович, се плашиме од тебе“.

Растојанието, се разбира, е направено заради епидемијата на коронавирусот.