Што треба да има на трпезата на Бадник за да имате среќа годинава?

од Radmila Tasevska
237 прегледи

Православните верници денес го слават Бадник, додека утре го слават Христовото раѓање, односно Божиќ. На овој ден птиците престануваат да пеат, лисјата на дрвјата престануваат да треперат, а водите во реките престануваат да течат.

На трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број – 7, 9, 11 – колку повеќе се – толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка

Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и др.

Суви пиперки со грав / сарма со зелка

Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Кисела зелка 

Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква 

Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук

Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат несогласувањата.

Слични содржини