Лавовите ‘ржат, тоа е апсолутен факт. Значи, ако сте вљубени во човек од овој знак, не се изненадувајте ако некој ден тој експлодира луто. Тоа ќе биде доста страшен момент, но пак ќе помине за неколку секунди.
На овој начин индивидуите од овој знак сакаат да ја покажат својата самодоверба и его. Инаку Лавовите се страстни, интелигентни, силни и добро воспитани.
Точно е дека почесто употребуваат “јас”, кога сакаат да кажат “ние”, но пак тие сметаат дека се задолжени да бидат портпароли на своите блиски луѓе, па им е дозволено.
А еве и што треба да знаете уште за претставниците на овој сончев знак:
1. Лавовите се упорни.
Тоа не го прават од инает, туку едноставно се решителни. Тие се горди, но не се конфликтни. Односно, нема намерно да влезат во опозиција. Ако имате несогласувања со нив, гледајте да се однесувате љубезно, и ќе видите дека Лавот ќе ги прибере ноктите наскоро. Кога е вознемирен, овој поединец има потреба од простор за да се смири.
2. Лавовите имаат големо его.
Тие се самоуверени на прв поглед, но се лесно ранливи. Тие сакаат другите да им се восхитуваат и да ги фалат, што значи дека не ја сакаат многу критиката.
3. Тие се игриви, но не сакаат да ги вознемируваат .
Со Лав шега не бива – не треба да се забавувате на негова сметка, да се шегувате со него, да го иронизирате и т. н. Тој може да се насмее, но внатрешно ќе се налути. Со други зборови, гледајте да не ги повредите неговите чувства со несоодветни шеги.
4. Лавовите чувствуваат глума.
Ако бомбардирате единка од овој знак со неискрени комплименти, тоа ќе го почувствува. Лавот знае кога некој навистина му се восхитува и го смета за посебен и кога тоа е само игра.
5. Лавовите немаат време за кукавици.
Претставниците на овој знак имаат акутен, брз ум и сакаат до себе да имаат човек кој ќе им биде еднаков партнер. Тие лесно губат интерес и почит кон погрешните луѓе со ниско самопочитување. Не сакаат нивниот партнер да е залепен за нив и да има потреба од постојано внимание.
6. Лавовите не секогаш сакаат да ја преземат одговорноста.
Овие луѓе се силни и убедени во своите верувања и идеи, но понекогаш сакаат некој друг да донесе одлука наместо нив. Донекаде тоа го прават од мрзеливост. Ако не се согласуваат со одлуката, наоѓаат начин тоа да го покажат.
7. Тие имаат потреба од простор .
Лавовите се независни и сакаат исто толку независен партнер во животот. Во исто време тие се љубоморни, но не сакаат друг да ги контролира.
8. Лавовите се злопамтила.
Ако одлучите да се однесувате со претставник на овој знак потценувачки, тој ќе гоприфати тоа премногу лично. Имајте на ум дека луѓето од овој Хороскопски знак се горди и злопамтила.Со други зборови, ќе ве шкртнат, ако не одиграте добро.