Обидите на Москва да ја подели ЕУ најверојатно ќе пропаднат
Само пред една деценија во американските претстави за Централна Европа беше “Новата Европа” на Доналд Рамсфелд – збир од слободни, херојски мали народи и најлојалните сојузници на Америка.
Вашингтон ги воведе во НАТО како заштита против нестабилноста на Блискиот Исток и рускиот експанзионизам. Денес сепак оваа идеја е променета.
Многумина стравуваат дека дел од овие решителни, стратешки витални држави станаа тројанци на Русија меѓу западните сојузници.
Согласноста на чешкиот претседател Милош Земан да присуствува на воената парада во Москва на 9 мај за 70-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија – настан кој западните претседатели го бојкотираат, беше толкува како симболичен пробив во прозападната ориентација на Централна Европа. (По интензивен притисок г-дин Земан одби да присуствува на парадата, но не и од патувањето до Москва).
Во меѓувреме унгарскиот премиер Виктор Орбан даде знак дека неговата влада ќе го блокира предложеното формирање на Европска енергетски унија – јадрото на стратегијата на Брисел за намалување на влијанието на Русија во регионот.
Нешто повеќе, има се повеќе докази дека неколку централно-европски влади ја користат сегашната криза во односите меѓу Западот и Русија, за да преговараат за поволни економски трансакции со Москва, и ги критикуваат санкциите против Русија за против подобри цени на гасот и инвестиции.
И така, успеа ли Москва да раздели Централна Европа на проруски и антируски камп?
И може ли актуелниот консензус на Европската унија во однос на Русија – а и самиот унија – да преживее под овој притисок во наредните години?
