Не само мажите мастурбираат. Дамите прават самозадоволувачки ритуали почесто отколку што претпоставуваме! Тие можат да помогнат доста за проценување на личноста, дури и да не ви се верува.
И во мастурбиррањето има стил, како и во сексот. Тоа што го правите сами не значи деканемате префериран начин. Ѕирнете зад вашиот стил на мастурбирање и видете што зборува тој за вас!
Весел
Веселите дами можат да ги задоволат себе само со два прста. Тие знаат што сака клиторисот и можат да го постигнат тоа за неколку минути. Доволни се серија од похотливи движења и оргазмот ви е врзан во крпа. Дури и не ви се потребни секс играчки – вие го познавате добро телото и знаете од што има потреба тоа.
Мечтателка
Тие сакаат да имаат врска со вибраторот, како и со останатите секс играчки кои ги користат за сопствено уживање. Тие им даваат имиња како и на своите интимни делови. За нив значи многу да е сè затскриено, да го вклучат вибраторот, да затворат очи и да фантазираат за реален маж, објект на нивните желби. Оргазмот не е еминентно цел, тој е дел од целината интимно искуство.
Медитирачки
Сексот може да е вид медитација, мастурбацијата , исто така. Што поубаво од блажен завршеток на денот, кој ќе ве растовари од мноштвото грижи и стекнат стрес ?!
Медитирачките дами имаат потреба неколку минути насамо со себе, за да си испорачуваат задоволство. Тие запаѓаат во сексуален транс брзо, а блаженството гипренесува лесно во земјата на уживањето, каде стресот не постои. Овој тип на луѓе лесно може да се отцепат од светот.
Можат да го прават тоа за 5 минути пред спиење или во почетокот на новиот ден. Тие се и попродуктивни и кон своите обврски.
Брзите
Како што има брз секс, така има и брза мастурбација. Таа има свои аргументи, бидејќи во рамките на 2-3 минути опуштање и дава нови сили и енергија. Ако се самозадоволувате брзо тоа значи дека не сакате да чекате. Сакате работите да ви се случуваат тука и сега. Го мразите одложувањето. Способни сте да се радувате на малите работи во животот.
Романтичарки
Романтичарките исто ја користат нивната имагинација за време на мастурбирањето. Тие не се исклучуваат, не престануваат да размислуваат за објектите на своите желби, иако се сами во моментот. За романтичарките дури и мастурбирањето е љубовна врска и тоа не само со себе, но и со претставите за идеална љубов.
Таквите жени го сакаат сексот, но држат и до чувствата и емоциите во една врска. Бараат партнер за цел живот, на кого ќе се потпрат.
Авантуристка
Авантуристките бараат авантури постојано. Тие не се плашат да се препуштат на својата наслада на јавни места, на работилници. Тие сакаат да фантазираат, да мислат за уживањето што претстои сами да си го приредат.
За авантуристките секој допир, секоја локација, секоја можност за уживање е начин да избегаат од реалноста и тие не ја пропуштаат.
Слики: iStock