Соновите се чудна работа. Токму кога мислите дека тие ти укажуваат нешто, се чини дека немаат ништо заедничко со она што си замислувате.
Многу луѓе пак се плашат од своите соништа, сметајќи дека им даваат знак за нешто или дека укажуваат за уништување на односите, најчесто ако сонувате нешто сексуално.
Најчестата заблуда за мокрите сништа е дека штом сонуваш сексуален сон значи имаш желба за секс.
За да ги расчистиме нејаснотиите ќе ви раскажеме што значат различните сексуални соништа. Често тие немаат ништо заедничко со сексот.
Ако сонувате дека го изневерувате партнерот
Според психолозите истражувачи на соништата, да сонуваш дека го изневеруваш на својот сопруг не значи дека веќе не го сакаш. Тоа сугерира повеќе за недостаток на самодоверба и губење на вербата во сопствената привлечност и самодоверба.
Ова може да се случи по скандал со сопругот, по проблем или отфрлање на професионален план на ваша идеја, на пример, или кај проблематична ситуација со децата.Луѓе кои бараат премногу големо одобрување од околината, обично имаат често такви соништа.
Ако сонувате дека имате секс со некого, кој сепак нема лице или тоа не се гледа
Лицето на човекот е најголемиот симбол на идентитет на личност. Тоа е најпрепознатливиот дел од телото. Ако ви се сони дека имате секс со човек без лице или тоа не се гледа, најверојатно тоа значи дека има нешто во животот, кое постојано е оспорувано, но уште не знаете што е.
Сонувате дека имате геј секс без да сте геј или обратно – хетеросекс, а сте геј
Тоа значи дека се чувствувате добро во својата кожа. Вашите вредности, верувања и морал се во апсолутна рамнотежа. Настроени сте авантуристички не само во интимните односи, но и кон децата (ако имате такви), пријателите и колегите.
Секс со најдобар пријател
Повеќето луѓе ќе се исплашат, ако сонуваат сличен сон.
Не брзајте да се плашите. Обично тоа значи дека чисто срдечно се восхитувате на вашиот најдобар пријател и го сакате вистински. Не плашете се да го погледнете по овој сон, бидејќи тој воопшто не изразува сексуални чувства.
Доживувате вистински оргазам за време на спиењето
Ако сонувате дека имате оргазам, најверојатно се случува откако неодамна сте имале секс или пак веќе одамна не сте, а ви се сака. Двете крајности се можни. Мозокот ви го сака толку силно што дури ја навлажнува вагината и клиторисот/реагира пенисот и го тера да се издува.
Сонувате дека имате секс со колега
Овој сон значи дека му завидувате на некого за некаков квалитет, успех или талент кои ги немате. Не е задолжително да се однесува на работата или конкретниот колега.
Секс со позната личност
Ако сонувате дека имате секс со некој жежок актер или рок-ѕвезда, тоа значи во повеќето случаи, дека имате потреба од реорганизација во животот. Треба да направите нешто авантуристички, да заминете некаде, да направите нешто неодговорно или да направите забава со пријателите.