Трендовите во внатрешниот дизајн веќе не се така едноставни, за да го утврдиме стилот на домот само според формите на мебелот, бојата на малтерот и дезенот на каучот. Колку повеќе се развива нашиот свет, толку повеќе се развива и комплицира внатрешниот дизајн.
До денес еден исклучително важен елемент за домот е електрониката. Таа во комбинација со висококласните материјали за мебел го дава целокупниот имиџ на вашиот дом. Тоа е 21-от век – кабли насекаде, ламби кои светкаат, екрани кои трепкаат. Но, кои се специфичните белези по кои ќе препознаете едно “хајтек“ живеалиште?
1. Чудата на безжичната мрежа

Со wi-fi можете да контролирате генерално сè – климата, апаратот за кафе, телевизорот, машината за перење и сл. Зад функциите на хајтек живеалиштето чисто и едноставно седи презумпцијата за човечка мрзеливост. Во овој дом треба да се живее лесно, а уредите да се управуваат од едно место.
Многу компании во светот со години развиваат системи за олеснета контрола на ел. уреди во нашите домови. Ова е одлична погодност – завесите се повлекуваат со мрднување на палецот на екранот, утринското кафе е подготвено до часовникот.
2. Енергетска ефикасност

Да си хајтек значи да си скап. Малите детали поврзани со енергијата, сепак се директно поврзани со заштеда на енергија.
За заштеда на електрична енергија околу осветлувачките тела се монтираат фоторелети, а понекогаш дури и се поставуваат временски циклуси – пример светлина од 17:00 до 23:00 часот. Белег за луксуз во домовите се и автоматизирани системи за осветлување за спални кои го симулираат утринското изгрејсонце, со постепено зголемување на интензитетот кон сијаличките над креветот.
Дел од енергетската ефикасност е и енергетската независност, која луксузните имоти ја постигнуваат со мали фотоволтаични централи или ветерници кои произведуваат електрична енергија, доволно за домаќинство. Тука е соодветно да се споменат и соларно-топлинските панели кои ја загреваат водата за џакузито.
За топлината во зима во последно време се грижат комплексни системи со топлински пумпи или печки кои согоруваат биогорива и биомаса. А, за да не избега топлината, хајтек домот треба да има сигурна топлинска изолација и квалитетни прозорци. Каминот е за раскош, пареата е надмината. Луксузот денес започнува со био.
3. Безбедносен систем и сигурност

За да дојдеме до тука веќе имаме впечаток за износот што би можел да биде еквивалент на едно хајтек живеалиште. Сето ова треба да биде зачувано од завидливи недобронамерници.
Старите безбедносни системи со волуменски сензори и слични апарати за врати и прозорци не се веќе во фокус. Повеќе се потпира на безбедносните камери, кои се инсталираат насекаде (со мали исклучоци). Сопственикот на хајтек станот може да ја следи секоја соба во реално време од смартфонот, што е пеколно удобно.
High-Tech домовите се опремени и со ласерски систем за безбедност, во кој на ласерскиот зрак содржан од мали огледала низ целиот дом, доаѓаме до фотоприемник. Каде и да биде прекинат ласерот, алармот се активира. Постојат и системи кои откриваат звук – штом се појави шушкање во собата, сирената почнува да свири.
Обезбедувањето на вратите и прозорците е императив. За таа цел се инсталираат автоматски ролетни кои можат да се спуштаат и при активирање на алармот. Хајтек домот е тврдина – влезат ли непоканети гости, праќа полиција.
4. Дизајн на хајтек домот

Тоа дека станот е исполнет со гаџети од последната генерација воопшто не значи дека тоа треба да личи на некоја стерилна соба или нешто во стил “Војна на ѕвездите”. Постигнување на хармонија меѓу станбениот простор и технологијата може да се постигне во индустриски стил, винтиџ, современ, ултрамодерен, рустикален, класичен – на кратко секаков. На пример во индустрискиот каблите и цевките ќе бидат на екранот, додека во ултрамодерен тие ќе бидат зад гипс-картонски ѕидови и спуштени тавани. Сето тоа зависи од желбите на сопственикот.