Што знае Гугл за вас?

од Vladimir Zorba
74 прегледи

My Account е нова услуга за приватност на Google, со која на корисниците им се овозможува на едно место да ги проверат и менуваат сите опции за приватност на Google профилите.755039

Податоците кои се делат на Google Maps, YouTube, Chrome, вклучувајќи лозинки и известувања, можат да се контролираат одовде. Корисникот може и да ги провери уредите кои го користат неговиот профил за пристап до услугите на Google, а оттаму – да ја провери и безбедноста на профилот .

Нешто повеќе – може да ги провери и промени податоците кои ги собира Google од секоја услуга. Корисниците можат директно од страната да ги променат своите лозинки, да ги менуваат поставките за реклами или да менуваат барем лични податоци. My Account ги покажува практиките на Google, односно што прави компанијата со податоците кои ги собира.