Таа планирала ако стане претседател да се однесува кон Техеран со “недоверба и ќе прави проверки 
Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија и поранешен државен секретар Хилари Клинтон го поздравила ослободување од Иран на четворица американски државјани, но се изјаснува за нови санкции спрема Техеран поради програмата за развој на балистички ракети, објави Ројтерс.Хилари Клинтон истакна дека ако во ноември јаизберат за претседател, таа има намера да се однесува кон Иран со “недоверба и ќе прави проверки”. “Иран сеуште ја прекршува резолуцијата на СС на ОН со својата програма за развој на балистички ракети, за што треба да земеме цврсто решение и да одговориме со нови санкции “- додава госпоѓата. Во саботата земјите од МААЕ го добија финалниот извештај од експертите на агенцијата за иранската нуклеарна програма. САД и ЕУ го потврдија тргањето на економските и финансиските санкции за Иран поврзани со неговата нуклеарна програма.