Жил Штрифлер, истражувач за регионалната невладина организација „Балкан Форум“, вели дека многу често земјите од Западен Балкан се наоѓаат и на листата на најзагадени во светот, а токму борбата за чист воздух е една од целите кои треба да ја исполнат за да се приближат кон „Зеленото сценарио“.
„Живеев во Сараево, па Скопје и сега Приштина и затоа имам малку искуство со загадувањето на воздухот. Минатата недела бев во Берлин на Форумот за граѓанско општество, во рамките на Берлинскиот процес. Таму ги слушнав бројките за жртвите за загаденоста на воздухот во регионот и тоа е фрапантно. Мислам дека промената ќе дојде – се разбира дека ќе го дадеме нашиот придонес, но мислам дека оставаме подвижна точка затоа што треба доволно да се справиме со средината, односно граѓаните во однос на квалитетот на воздухот или во однос на управувањето со отпадот“, вели Штрифлер.