Штрудла од смокви

од Берта Китинска
218 прегледи

Сезона на смокви е, па ви пренесуваме рецепт со кој никогаш нема да погрешите

Состојки:

600-700 гр брашно
1 кесичка сув квасец
1 кафена лажичка шеќер
1 чаша топло млеко
млака вода ако е потребно
2 јајца
1 тегла џем од смокви

Подготовка:

Растворете го квасецот во малку млака вода со неколку лажици брашно и оставете го на топло место да нарасне. Соединете го со остатокот од брашното, шеќерот, млекото, едно цело јајце и една белка и постепено додавајте млака вода за да замесите меко тесто. Тестото со садот ставете го во кеса, завиткајте го во крпа и оставете го на топло место да нарасне. Нараснатото тесто замесете го и оставете го уште еднаш да нарасне.

Тестото поделете го на два еднакви дела, секој дел развлечете го во поголем круг и обилно премачкајте го со џем од смокви. Завиткајте го во ролат и ставете го во тавче со хартија за печење. Оставете да нарасне и загрејте ја рерната на 200 степени. Штрудлите премачкајте ги со изматена жолчка и печете.

Испечената штрудла посипете ја со малку вода, покријте ја со крпа, врз крпата ставете најлонска кеса и оставете да се излади. Кога ќе се излади, исечете го на парчиња со саканата дебелина и послужете. Шеќерот во прав може да се попрска по вкус, доколку сакате штрудлата да биде уште послатка.

Пријатно!

Слични содржини