Шукова на Самитот на ОН за климатски промени во Дубаи

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, од денска до 9 декември ќе учествува на Самитот на Обединетите нации за климатски промени, кој се одржува во Дубаи, Обединетите Арамски Емирати.

Шукова, како што најавуваат од нејзиниот кабинет, ќе учествува и ќе се обрати на повеќе настани меѓу кои ќе има завршно обраќање по потпишувањето на Договорот за инвестициската платформа за енергетска транзиција со Европската банка за обнова и развој, округла маса со министрите на Енергетската заедница, како и низа билатералнои средби меѓу кои со извршниот директор на УНОПС.

Очекувањата од Самитот се да напрви преглед на досегашните остварувања на поставените национални и глобали цели и да се трасира патот за идните активности.

Слични содржини