Шумски пожари на Корзика, изгореа 600 хектари

од desk2
132 прегледи

 

Француските власти објавија дека пожарникарите се борат со шумски пожар кој изби кај местото Калекана на средоземниот остров Корзика.

AP пренесува дека властите на префектурата От-Корс, која го покрива северниот дел на островот, соопштија дека во сабота на повеќе места на тоа подрачје силниот ветар разгоре 20 пожари и дека во Каленкана изгореа повеќе од 600 хектари, но нема штети на куќите, ниту има сериозни повреди на жителите.

Префектурата објави дега огнените пламени повеќе не го загрозуваат самото место, но и натаму не е скротен.