Шутаров: ДПМНЕ и Арсовска треба да престанат со политички хирови и да почнат да работат

од Илинка Илиоска
96 прегледи

Гордан Шутаров, советникот од СДСМ во Советот на Град Скопје, изрази критика кон локалната власт под водство на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Според Шутаров, советниците на СДСМ во изминатите три години во Советот секогаш се залагале за интересите на граѓаните, јасно и транспарентно изразувајќи ја својата позиција за одлуките.

Шутаров ја оцени како несериозна изјавата на градоначалничката Арсовска која обвинува дека целиот советнички состав од 45 членови ги блокира нејзините иницијативи. Според него, оваа ситуација резултира со непродуктивни препукувања меѓу ДПМНЕ и Арсовска, кои ја префрлаат одговорноста за колапсот во градот на еден на друг.

“Наместо да се фокусираат на решавање на проблемите, тие продолжуваат со политички маневри и меѓусебни препукувања. Ова е потценување на интелигенцијата на граѓаните на Скопје”, вели Шутаров.

Шутаров нагласува дека СДСМ ќе продолжи да делува конструктивно, поддржувајќи проекти кои се во интерес на граѓаните и ќе се бори против блокадите и опструкциите што предизвикуваат штета на градот.

“Скопје и скопјани не смеат да бидат жртви на политички хирови и бизнис интереси. Апелирам до ДПМНЕ и Арсовска да прекинат со препукувањата и да се фокусираат на реални решенија и капитални проекти”, заклучува Шутаров.

Слични содржини