Швајцарија ги суспендира процедурите за азил за Сиријците

од Nikola Popovski
24 прегледи

Швајцарската влада соопшти дека ги суспендира процедурите за азил за Сиријците додека не може подобро да ја процени ситуацијата во блискоисточната земја откако бунтовниците го зазедоа Дамаск, а сирискиот претседател Башар Ал-Асад побегна во Русија.

Државниот секретаријат за миграција во понеделникот вечерта соопшти дека во моментов не е во можност да изврши детална проверка дали има основи за азил за Сиријците и дали издавањето наредба за депортација за нив би било разумно, пренесува Ројтерс.

„Секретаријатот во моментов ги суспендира процедурите за азил и одлуките за барателите на азил од Сирија додека ситуацијата не може повторно да се процени“, се вели во објавите на платформата „X“.

Одлуката на Швајцарија следи по одлуката на другите европски земји засега да ги суспендираат барањата за азил од сириските граѓани, наведува агенцијата.

Слични содржини