Швајцарија наскоро може да го легализира кокаинот

од Radmila Tasevska
194 прегледи

Главниот град на Швајцарија размислува за пилот-проект што ќе овозможи продажба на кокаин за рекреативна употреба. Парламентот во Берн ја поддржа идејата, но сега треба да се справи со противењето на градските власти. Доколку предлогот биде прифатен, ќе биде неопходно да се промени националното право.

Во целиот свет методите и политиките на борба против дрогата се менуваат. Американската сојузна држава Орегон, на пример, го декриминализираше поседувањето на мали количини кокаин како дел од програмата за лекување на зависности во 2021 година.

Многу европски земји, вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Португалија, веќе немаат затворски казни за поседување дрога, вклучително и кокаин.

Швајцарија го преиспитува својот став за легализација на дрогата, откако некои политичари и експерти ги критикуваа директните забрани, велејќи дека тие се неефикасни.

Швајцарија има едно од највисоките нивоа на употреба на кокаин во Европа.

За да се спроведе пилот-проектот, Парламентот ќе треба да го измени законот за забрана на рекреативно консумирање дрога.

Експертите се уште се поделени. Дури и оние кои ја поддржуваат програмата се загрижени за можните негативни и опасни последици.

Слични содржини