Швајцарскиот Федерален совет (влада) одлучи да се придружи на дополнителни мерки кон 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија и Белорусија, соопшти владата на својата веб-страница.
Новите мерки се фокусираат на трговијата со стоки и финансискиот и енергетскиот сектор и ќе стапат во сила на 30 октомври, соопшти швајцарската влада.
Швајцарската влада одлучи да ги заостри ограничувањата за извоз на стоки што „би можеле да ја зајакнат руската индустрија“.